Откако засекогаш се оддалечи од сиџилите и немаше повеќе сили да ги прелистува ни во соништата, се обидував да го стимулирам за нови читања носејќи му книги, весници, списанија, за кои претпоставував дека му беа блиски.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Почна внимателно да ги прелистува првите страници.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Почна да ги прелистува.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И Камилски до доцна во ноќта и утрото рано не престанувал да ги прелистува своите книги во кои посебно се зборуваше за жртвувањето во религиите, а посебно за зборот курбан, кој му беше на нишан за отфрлање од балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка, која везден ја чистеше насобраната прав од книгите, продолжи со сите нас, децата, тажно да ги прелистува книгите, гледајќи н како се мачиме и никако не можеше да ни ја смират гладоста ниту нејзините волшепства кога со преостанатиот мал дел од брашното од изминатиот месец и разретченото масло правеше вкусни пити.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Насетував како ги прелистува последните страници на секогаш истата света книга, низ трите книги Библијата, Коранот, Талмудот, низ само една страница која завршува како свет мост, како допир на другиот во животот и отаде него...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Книгата се држи сама со себе, наместена така што времето бескрајно ѝ ги прелистува страниците една по друга.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Решив уште еднаш да ги прелистам патописите што веќе ги имав. Беа тоа близу три илјади страници.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тогаш млад полицаец откако ги прелиста пасошите и нивната автентичност ја провери во компјутерот, од фиоката извади лист со отпечатени графи и почна да прашува за име, презиме, име на мајка и татко, место и при тоа веднаш предупреди: - Не така како што сега се викате, туку како што се викавте...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Наталожени, во умот, земските слики не му дозволуваат на Светиот ветар да ги прелиста, да го избледи сеќавањето на обичните нешта од секојдневието.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)