А знаеја дека таму некаде е фронтот, две војски една спроти друга и поради тоа толку многу ќутеа што им се чинеше дека секој момент може некој топ случајно или намерно да згрми и да ги преплаши.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Некој со топук се обидел да го здроби недоречениот стих на Мевлана. Попусто до проклетство. Забите уште повеќе се разголеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа глава, таква, само со сол во ноздрите и во устата и со вешто врзани бравски рогови на високото чело, ја прошетале на врв копје пред тапани и пред сурли по градот; пред стариот вардарски мост ги преплашиле сакатите просјаци и им ја фрлиле на пци скитници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Непознатиот со татарски или монголски или черкески очи, ноздри, усни, гологлав и испотен, застанал и ги подвиткал топчестите раменици, го испуштил анџарот од левата рака и подавајќи ги двата прста на десната, показалецот и палецот, ги преплашил најблиските како да е невидено животно со црни или отровни рогови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Страшниот човек ги допреплаши децата со тоа што, кога тие се свртија кон него, се принамршти и им свика: - Што правите тука, бре ќерата!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)