Таа пак, за возврат, ги преправи столиците за да бидат удобни за неговите крилја, нешто материјал додаде ваму, нешто пак одзема таму, а нештата за кои таа зборуваше беа нешта поради кои тој ја сакаше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но кога дошол за игумен во манастирот отец Никодим Синаитски, страден за сонце што во изобилство го имало во Синаја, ги разрушил сите тие тесни и мрачни келии, ги преправил, ги преуредил: им отворил големи прозорци да гледаат кон езерото и Полето, ги споил и направил за себе убава одаја за спиење, бања за капење, простор за вршење нужда, одделение за држење пијалоци и трпеза во која ќе го служат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)