ги (зам.) - препушти (гл.)

Во деветнаесеттиот век религијата и затворските институции конечно ѝ ги препуштија лудите на психијатријата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се надевам дека „Светилката за Ханука” ќе преосветли дел од тревожните настани, масовните, а посебно индивидуалните човечки драми што одбиваме да му ги препуштиме на мракот на заборавот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Лудилото веќе не беше грев кон Бога, ни злосторство, туку попуста егзистенција, промашен живот, живот како неискористена шанса.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа и верувам дека не треба да се заборави ни еден народ, ни една страдална личност, во името на други страдалници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Конечно, најдобро е ако се стави јаремот, а дизгините да му ги препушти на друг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пелагија во дворот се поздрави со нив, на Деспина, патем ѝ потшепна Зарадувај ја што поскоро! а потоа му ги препушти на Мурџо да ги испрати, скокајќи и умилкувајќи им, сѐ до влезот, до вториот влез на зградата што светеше со стотици прозорци одздола до покривот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)