ги (зам.) - префрли (гл.)

Судскиот буџетски совет ќе ги префрли одобрените средства на сметка на жалителот по добивање на податоци за сметката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако жалителот не ги достави податоците за банкарската сметка во рокот, средствата утврдени со решението за исплата ги префрла на депозитна сметка на Судскиот буџетски совет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Здравје да имаш, и ти со здравје! И помни шо ти веле јас во Пчишча! — му одговори Толе и ги префрли дисагите на коњот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На бичкијата од Тошета најде селани од Градешница и разбра дека тие дни потерите се тргнале од кај нив и дека Толе господари со овие села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа го замоли Ацева да го префрли пак во Мариово, толку повеќе што Бахтијар ги истегна војските од старо Мариово и ги префрли по Селечка и Бабуна, та Толе пак остана слободно да „пашува“ во својот „пашалук“ и му ја исполни Петре желбата на Ѓорчета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беа одредени десетина униформирани полицајци да ги пренесат сандаците во камионите, но, претходно, мораше да ги префрлат во ламаринените сандаци.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таму дење го држеа и шоферот, да ги префрлува по расфрланите пунктови на градилиштето со џипот, а ноќе, кога не им требаше, го пуштаа да преспие во шаторот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тука, се разбира, не ги вбројувам исклучоците (имаше во циркусот и една жена што можеше, лежејќи на стомак, да се свие во половината и нозете да ги префрли до лицето; често нѐ забавуваше пушејќи во таква поза); но во циркусот имаше и поинаков став кон техниката: најмногу се работеше на техниката при изведување на точките, а при изведбата на точката техниката мораше да се заборави; во спротивно, се плаќаше со живот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- ... Ги префрливме. Сега нека дојдат да ни вршат попис, налутено, со некакво заплашување во грубиот глас, расправа стариот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со биковски наведната глава се загледа во противникот потоа брзо и вешто се наведна, ги префрли рацете околу неговата половина и го дигна од земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме вика за да ги средиме сметките бидејќи од млинот му ги префрлиле парите за житото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го стави стапот на крстот, ги префрли преку него рацете, ги стисна тупаниците, и така, исправен и гневен, уплашен и збунет, исполнет со еден единствен копнеж, да му го дознае името на проклетникот, стигна на срецело и се отпушти меѓу поседнатите на камењата пред ковачницата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го облекол кожувот, ја зел секирата под кожув, го пикнал пиштолот в пазува, ги префрлил дисаѓите преку рамо, божем се токми за на пазар во Прилеп, и излегле со ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Може дека се поблиско до луѓето и нивните секојдневни потреби па животот ја ставил на преден план ползата од нив, а за умноста и разните чудотворства ги префрлил преку рид и ги обвил со тајновитост.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш таа плеснала со рацете за да ја викне жената на најмладиот брат: ’Јатрвичке наша најмлада, ѝ рекла, невесто мила на млад ни девер, ајде место нас однеси им јадење на мажите, чунки патот е долг а нам нозете ни се папсани, та ние веќе не сме млади и лесни како тебе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утредента тројцата браќа ги префрлиле преку рамо токмаците и казмите и тргнале накај кулата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Азра сè уште со широко раширени нозе му седеше на устата на Андон кој одамна го имаше изгубено чувството за мирис (лекарите имаа констатирано дека тоа е резултат на операцијата на капиларите во носот направена во неговата рана младост) и тој не можеше да ја насети реата од меѓуножјето на Азра, но обилно оттаму во устата и по образите му течеше тегава слуз, од што во еден момент мораше да го извлече јазикот, да земе здив со намера повторно да се врати на истото место, но се откажа, се сврте на левата страна и ги префрли двете жени на десната страна од креветот, речиси ги залепи за ѕидот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Работодавачот не може да ги префрли наведените финансиски трошоци на странецот (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Потоа Богуле очите ги префрли на ковчеџето што Илко го држеше в рака.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Правеше напори да не мисли повеќе на Злата, да ги префрлува мислите на друго, да ја избрише од свеста како да не постои, како да не ја запознал - но не можеше: оттргнувајќи ги мислите од неа, тие сѐ повеќе се упатуваа кон неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Буљукбашијата влезе кај кадијата и му кажа. – Викај сејмените и растерај ги оттука. He оттука, ами од градот надвор. Преку ридот да ги префрлиш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Си ги префрлил шеесетте, имаш внуци женети!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ако е од селските, ќе го префрли во некој булук од комшичките села, било Полчиштец, Клинчанец, па тој што подалеку да ги префрли некаде во Градишки или Галишки булуци, да им се загуби дирата, a отаде тој ќе му префрли други по тој пат спечалени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако ги префрли останките од Митруша, веќе начнати од првото селење, тој уште некое време доаѓаше на иселените гробишта кај каменоломот - сѐ додека дрвцето, не што се поболи или се исуши, туку просто беше искубано сосе корен од земјата, како троскот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој секогаш се трудеше најважните работи да ги префрли на спореден колосек а не беше битно колку со тоа добива а колку губи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ѝ навираат спомените, а гласовите ги подзема ветерот и ги сее од ров во ров од бункер во бункер, од таму ги презема и ги префрлува над трапиштата, ги разлева по ридиштата, ги подига до врвови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Раненосачките ги преземаат и ги префрлуваат до џадето. Тука чекаат камиони со вклучени мотори.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И со истите коњи и мазги, во долга релица, за натамошно лекување, тешко ранетите ги префрлуваат во Албанија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беличот се наведе и си ги собу чевлите, ги врза една со друга па ги префрли преку рамо; Мече сандалите си ги спика в џеб.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Луѓето долу, на улицата, имаа смалени фигури и беа раштркани по плочникот, ретки автомобили брзо ја пресечуваа стеснетата бела врвица по средината, само двократниот црвен автобус, откако ќе се занесеше на завојот од плоштадот, на влегување во главната улица, лазеше тука рамно, притеснет во некоја своја одредена четвртеста линија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Претпазливо, како да ја испитува издржливоста на железните пречки што го држат, се наведнуваше со телото над уличната бездна, сеќавајќи го уште посилно засекот на железото во мекото месо на подлактицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Човекот ги префрли обете раце преку железото, како да се распнува на него, и сега гледаше удолу без она несигурно стоење на тлото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еднаш два коња од селото украде и ги префрли преку граница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Почна брзо да се прибира, ги префрли полите од бањарката едната преку другата, го стегна коланот околу половината и просто ме истурка од дома.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На Митра не ѝ помогна што преташе, не ѝ помогна ни што почна да колни, Чана не ѝ одвраќаше па без големи проблеми ги префрли во стопанството.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ѓуро Ѓоновиќ брзо ја поминаа, и мостот што ги префрли од другата страна на Вардар па ги превзеде онаа што ги однесе до Бит Пазар и потаму сѐ до Чаир.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)