ги (зам.) - провери (гл.)

Намерата му е првин да проверат дали се сигурни тие, портите, а потоа ќе ги проверат и добиточните згради и гумната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога ги зел тој кај себе, за уште еднаш да ги провери дали ја зборуваат вистината, извадил една тетратка од сто листа и од неа им ги читал имињата на главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тргнаа право за Маково. Над селото ги проверија пушките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги претресоа сите села, ги проверија сите селски булуци, но не се најде брав со агин катран — месечина на крстот на секој брав — та не можеа да набелат ниеден мариовски овчар за кражба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По одењето горе во сопчето Пискулиев за секој случај ја зема книгата да ги провери своите искажувања за компирите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Филолог За практично да ги провери своите јазични проучувања, еден филолог ги замени имињата на нештата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со какви надворешни норми можеше тој да ги провери своите судови ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште еднаш ги проверува камчињата во џебот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Додека Енценсбергер благовремено ги проверува своите следни обврски, ја користиме приликата, барем на кратко, под силното влијание на Таџикистанската утеха, да го свртиме вниманието на случајот со Данило Киш, кој показно ѝ одолеа на принудата на сомнителното предание и на насилството на нејзиното натамошно пренесување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој е можеби симболичен глас на несреќната нација која испаднала од големата историја а својата улога можеби еднаш ќе ја пронајде во малата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Метежот кој се создаде при слегувањето не му даде можност да ги провери своите сомнежи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не се симна на Сен-Силпис, тоа го знаев уште пред возот да почне да кочи, тука е онаа подготвеност на патниците, особено на жените кои нервозно ги проверуваат пакетите, го затегнуваат капутот или гледаат отстрана кога стануваат за да ги избегнат колената во оној момент кога губитокот на брзината ги врзува и заглупува телата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како што сега мене ми е потребно да имам некого околу себе, да најдам некого кому овие свои мисли ќе му ги соопштам, со кого ќе ги разменам и ќе ги проверам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Стана обично и да ми помогне околу ручекот и да ја нахрани Ели, да ја облече, да ми ги провери домашните задачи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Улогите поделени по важност и способности, кои допрва ќе ги проверуваат клиентите (ако ги имаме), ги извежбавме на муабет до совршенство и слатко се изнасмеавме, со солзи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Половината е за тукашните чакали: Џемал-ага ќе земе колку ќе земе, па директорот колку што треба, па дежурниот на вратата, па стражарите што ги проверуваат донесените однадвор работи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еднаш, кога-тогаш тие ќе мораат да се досетат за да му ги проверат откорен сите работи и сето тоа да го истераат на чистина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уметничкиот контекст на лично изложување на ризик во процесот на настанувањето на делото има еден семиотичко-симболички квалитет којшто оди од онаа страна на садомазохизмот. (Weibel 1978) За многу современи уметници телото сè уште е моќен материјал.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека во шеесеттите и седумдесеттите уметниците го користеа телото за да ги проверуваат параметрите на уметноста и општеството, денес телото на уметникот е поставено на крстосницата на една радикална средба со техниката и со истражувањето на природата на свеста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Таа ноќ, дојдоа да ги проверат моите документи, дозволата за престој.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Како судија за оружјето, тој ги проверува грбовите, влегува во замоците за да ги потврди архивите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
После доаѓа снимателот и ги проверува сите тие работи со визирот и со светломерот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Телефоните и натаму ѕвонеа. Кадуми не одговараше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кадуми продолжи да ми зборува со доверлива искреност, како пред пријател пред кој како да ги проверува своите потиснати мисли: - Историјата сигурно ќе н памети по еден динамичен владетел, водач во нашите егзили кој го има положено животот на одарот на палестинското жртвување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На синот- наратор, кој ја наследи татковата библиотека, враќајќи се од своите дипломатски мисии, како амбасадор на двете држави кои во голем дел го обележаа животот на бегалското семејство - Југославија и Македонија, кои го ширеа кругот на семејниот егзил, продолжи да трага по преостанатите тајни во татковата библиотека, кои не можеше да ги провери во животот, посебно обземен од наследената таткова опсесија да трага по тајните на владеењето, за кои балканската историја нудеше безброј искуства.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зошто заборави да го споменеш и тоа – праша Катерина и јас останав со впечаток дека таа сето време ги следела моите мисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Животот покрај другото ја има и таа грда задача: да ја потврдува верноста, да ги проверува способностите, да нè ослободува од сомненијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Две полутопкасти лушпи се лизнаа од тоа чудо­вишно лице, но истовремено се појавија нови - нова маска!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ете, на пример, да речеме, во еден случај, слав­ниот рицар на вистината, господинот Јанус (член, инаку, на тајните Сили на Доброто) се обиде да ги провери двоумењата; и така, во првата згода кога на господинот Јанус под раце му дојде господинот Дипигус, 86 Margina #21 [1995] | okno.mk се случи тоа: Јанус ја истрга маската од главата на Дипигус!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ете, за пример, тие кои беа тука денес, утре полагаат испит и дојдоа да им ги проверам знаењата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се прашував до каде ќе оди оваа лудост со пенкалцата. Ги проверив речиси сите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Имаше доволно информации од западните радиостаници, но сега новостите можеше да ги провери од доживеаната страна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За секој случај, повеќе рутински, решиле да ги проверат скривалиштата под тврдината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Други вешти прогнозери, рибари идеа кај него да си ги проверат и дополнат своите предвидувања.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го чукна по градите и му ги провери пулсот и температурата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Овој град требаше да биде машина за мерење, лакмус, антена што ќе ги провери сите идни вселенски патници што ќе дојдат овде.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ти пожелувам успех. Но пак ќе ти речам да си ги провериш силите, можностите...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А ако се разбудам сред ноќ - ако ме разбуди некој сон или кошмар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Немој да доцниш, зашто ти се одбиваат Џебови, и така ти се насобира.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сем Хант ги проверува картичките.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе го наместам будилникот за шест и ќе си легнам во десет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)