По шест месеци, тие кои го казнија, убедени дека е превоспитан, го вратија во единицата во која се најдоа и други како него – со вперен поглед во иднината и со главите полни со правди што одвај ги разбираа, ама воодушевено и во доверба ги проповедаа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не велам сите, но некои од нив ќе ја имаат среќата да се вратат во нормалноста.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас сакав да му речам дека знам дека и во Париз веќе не ги лечат пациентите онака како што тој кажуваше, дека токму методите за кои децении пред тоа во Салптертијер ги вовел доктор Пинел сега тој самиот ги проповеда овде, ама сепак молчев и го слушав: “Кај нас ги лечиме пациентите низ разговор – со цел да дојдеме до тоа што ги измачува, разговараме со нив за она за што сакаат да зборуваат – тоа се, секако, будалаштини, ама на крајот од сите будалаштини ќе дојдат и до некои умни сознанија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)