Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Никако не му се стануваше, размислуваше за сонот, за гласот или што и да беше веќе тоа, а можеби беше само потсвесна мисла што чувствувала дамнешна потреба да си ги протегне нозете надвор од Ид-от.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Во овие часови обично излегувам за да си ги протегнам нозете. Ништо друго.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Каја ги протегна ножињата, ги протри очичките, и кога ги отвори, го виде насмеаното лице на мајка ѝ наведнато над неа.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Заломоти млекаџиската количка. Столовите ги протегнаа нозете од кафеанските прозорци.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Капетанот седна и ги протегна рацете. „Застани!“ 15
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
На крајот замолче за малку и си ги протегна дланките кон Арсо. - Смарагда со мелем ги лечеше. На, види.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
БАРБАРА: Филмска ѕвезда успева да има сѐ: кариера, дом и семејство [си ги протегнува рацете]
КАДАР (9) назад на (7).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)