„Спиат, — шо рече Бешот" — си мислеше во моментот Толе и во исто време спремаше клоци да ги разбудува.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Храната на бичкиџиите се знаеше: царевна погача и вода од петшест зрна грав.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мислата влече назад во времето одминато што сал за миг се претвора во јаве, живнува празнината и ги разбудува спомените кои небаре врзани во синџир надоаѓаат, стегаат, гребат, толчат, гмечат, жежат и навејуваат тага.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ги разбудувам децата и слегуваме долу, кај кравата, кај магарето. Се пикнуваме во едно ќоше, се криеме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Шефот на станичката одеше од купче до купче и со лопатчето ги разбудуваше луѓето, покажувајќи им дека ги чекаат вагоните.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Плачејќи над нас, паѓам од смеа. Солзите не ги разбудуваат оние што отишле и што не ни рекле збогум и проштавајте.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ги оплакувам живите“, рече Марко Марикин.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)