ги (зам.) - развие (гл.)

Тоа е еден од темелните Хичкокови методи што тој ќе ги развие подоцна, во четириесеттите: грозоморното дело не смее да се покаже непосредно туку како се огледува истото во „голем размер”, во ликот на со- виновниот запазувач - постапка, заради која можеме да ја поставиме тезата за сродноста на Хичкоковиот и Прустовиот ракопис.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Авангардните движења се обидоа да ги развијат автономните општествени организми кадешто оние својства, потреби и вредности на индивидуализмот коишто не можат да се опфатат со системот на формална држава би можеле слободно да се развијат и дефинираат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
— Во нив Хегел ги разви своите учења, својот поглед на светот и општеството, не оставајќи во претераната совесност ни една област да не ја подложи и нeа на своето филозофско испитување и толкување.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Козма Прутков, Раководител на Одделот за мерки, вистински статски советник и кавалер на различни ордени. 1859 година (annus, i.) Забелешка: Во бројот на различните забелешки на маргините на овој проект се наоѓаат и следниве, што Козма Прутков, веројатно, сакал да ги развие во посебни проекти: 1) “Да им се нареди на сите уредници на приватни печатни органи да ги пренесуваат раководните написи од официјалниот орган дозволувајќи им само нивно повторување и развивање”; 2) “Да им се стави како обврска на сите раководители на одредени делови од управата: без престан да водат и постојано да ги соопштуваат во една централна управа списоците на сите лица кои служат под нивно раководство, со ознака наспроти секого: какви весници и списанија добива?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Разјаснувањата од овој вид честопати се речиси неопходни заради незавидната финансиска положба на нашата скапоцена татковина. okno.mk 133 Оставајќи го овој недостоен труд на разгледување на највисокото раководство, си гајам дрска надеж дека тој нема да ми се припише како вина, служејќи како несомнен израз на срдечната желба на верниот човек: да придонесе според силите на толку високо почитуваната од него добронамерност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Подмолноста на Запад спрема Исток вака се покажува: ние, Западот, ќе им помогнеме додуша на тие земји да ги развијат демократијата и пазарното стопанство, но затоа - и тоа едновремено - ќе ги затвориме нивните граници.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Камбаните бијат, а некои од граѓанството на балконите ги изнесоа радиоапаратите и ги развија знамињата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Доаѓа цела генерација вешта во користењето на интерактивни орудија, таа мигрира во светот на виртуалната реалност, каде што може да ги развие своите соништа и игри на фантазијата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)