Групата од економисти, биолози, физичари, истражувачи на сметачите и на многу други дисциплини која го формира институтот се надева дека ќе успее да ги разлачи принципите кои лежат во основите на сите такви сложени адаптивни системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се плашам од неможноста да ги разлачам, ако и самиот личам на нив.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Татко често запираше крај големите сенки на Аја Софија и разлетаните гулаби, небаре во отсутната молитва на минливоста да ги разлачи составните делови на измешаната балканска судбина, на неговиот албански и другите балкански народи: народи првин многубошци, па пагани, рисјани, муслимани, Евреи, преобраќани од една во друга вера и на крајот атеисти, апсолутни атеисти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)