Но ме праша дали познавам некого кој би можел да ги растолкува списите за да се види за што се работи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко беше тука да ги прифати, да ги растолкува, да им даде смисла, да им даде значење, да им даде живот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Беше сигурно дека Татко сакал да ги оживее, да ги растолкува знаците на овие сиџили во кои претпоставувал дека се крие кодот на идентитетот на неговата мајка, на нејзиното семејство коешто најмногу го одбележа неговиот живот, оној со средиште во цариградското време.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Додека се обидуваше да ги растолкува пресудните зборови, другарот Чапаев продолжи: - Ние сме, денес, почитуван колега, иако ослободени од злото на фашизмот, од сите страни опкружени со непријатели.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Порано Мајка беше горда кога го слушаше сина си кога, со латински зборови, ѝ ги кажуваше имињата на болестите, без да го разбира нивното вистинско значење, но, сега, се напрегаше повеќе од кога било да ги растолкува зборовите за болеста што прв пат ги слушаше.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)