Со првин го плашат народот со фрлање на анатема, со чуми и болести, а потоа, ако не успеат со тоа, сосила му ги растураат празненствата или го кодошат кај турските власти и беговите за божемни бунтувања.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Скот: Ништо од Ритон - трча наоколу и ги растура утробите на најшироките.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ќе прошетаме голи како Архимед. Без да ги растураме круговите.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Навистина, гаснејќи, таа се распаѓа како ѕвезда што паѓа, но и како ѓердан што се разнижува и ги растура наоколу светливите монистра.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Полицајците ни ги растураат врзопчињата, ни ги превртуваат џебовите, а една жена си зборува: сакам да си одам, сакам да си одам!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас сум за Југославија, велам и гледам во искрите што ги растура локомотивата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Малечкото огледалце обесено на шајка од десната страна на пенџерата го има превртено опаку за да не може да ѝ го враќа преправеното кадро, а ни природните огледалца од барите не ги оставаше да ја примат и да ја повратат, туку веднаш со чевелот или со стапот ги растураше.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Е, таму ги одделија луѓето од камионите и... нас од луѓето...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Инаетливо ги расфрлува грутките, удира по нив, ги дроби, ги растура.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од неа, од нејзиниот центар, на сите страни постојано дуваа ветрови и в час ги растураа, ги туркаа натаму од сртовите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Честопати ги растура, а понекојпат и ги кине, па затоа Благица налутено вели: "Не го сакам!
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Полесно ни беше, а во тоа никој не ни пречеше, да ги растураме гнездата на штетните птици: страчките, враните и чавките.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Длабоко во себе тој можеше да се согласи со новата власт: за што ги растура куќите, имотите, семејствата, па одново ги обединува во нови неприродни врски, заедници, а преостанатите планинци, кои нема од што да ги раздели освен од козите, ги тера да слезат во градовите и прекуноќ да станат нова класа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)