ги (зам.) - раѓа (гл.)

* Раѓање на нацијата од национализмот значи, за Гелнер, „национализмот е она што ги раѓа нациите, а не обратно“.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Впрочем настроенијата не ги раѓа ни памет, ни глупост!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Овие зборови ги раѓаат глаголите и им ја даруваат на глаголите слободата на изборот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ама сѐ е со време. Времето ги раѓа, тоа ги учи… Здравје!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ние не сме криви… Времето ги раѓа такви, Димо.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Како трудна не останува, или останува ама ги раѓа предвреме.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И додека така седеше, увото, навикнато да ги фаќа и најлесните шумови што ги раѓаше белата снежна тишина, дофати далечен виеж.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ракописот на есенски дождови ги раѓа облаците од прачки.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
На мајка му Златица ѝ се родија многу деца, но ѝ изумреа; ги раѓаше предвреме, осумчиња, и не ѝ траеја.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Тоа е многу ако се погледне каква мрша ги раѓа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Осум деца, се свртел кон најблиските.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа често се случува! Брзата кучка слепи ги раѓа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе биде добро и за тебе, а и за децата што ќе ги раѓаш, - ми рече свекрвата и го погледна Дино, па пак мене, - Ајде, касни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Чудно е колку малку месо излегува од толкаво животно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Истоштена од семејните грижи, кревка, без некогашната енергија кога ги раѓаше другите деца и долго време ги доеше, некои и по една година, нејзините гради останаа речиси пресушени за последната рожба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)