Чупите одбија да одат и да ја чистат Латинската Црква, заедно со браќата и сестрите се противставија да се празнуваат Божиќ и Велигден, не даваа да се вапцаат јајца, одбиваа да се венчаваат в црква, со поп, туку одеа во Тополчани во општината и таму матичарот ги регистрираше.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од девојчето што го прескокнува јажето и ги брои ѕвездите именувајќи ги, до цела една приватна енциклопедија на игри што ги регистрираат и изведуваат таткото и синот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Чувствата што ги регистрираше беа поинакви од оние што тој ги чувствуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не знаеше што точно се случува во внатрешноста на Министерството на љубовта, но можеше да претпостави: мачења, дроги, чувствителни апарати што ги регистрираат нервозните реакции, постепено истоштување со неспиење, со осаменост и со упорно сослушување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мозокот на Рада во тој миг престана да ги регистрира и да ги контролира чувствата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Затоа и ние сме налик на единицата во низата од броевите. прашање: Добро, а како ќе го регистрираме светот? одговор: На истиот начин како што единицата ги регистрира останатите броеви, то-ест се сместува во нив и набљудува што се случува од тоа. прашање: Зарем единицата така ги регистрира броевите? одговор: Да претпоставиме, дека е така.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Единицата ги регистрира броевите со својот квалитет.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Гоше имаше за задача да ги регистрира оние што влегуваа и излегуваа од Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ако некој се посомнева во ова моја одредница, тогаш нека повели нека ги регистрира репертоарите на театрите, нека ги регистрира екипите кои го чинат сегашниот театарски израз, нека се потруди да слушне на кој јазик се обраќаат на домашната публика, со каков сценски конфликт сакаат да го заслужат нивното внимание, нека се потруди да забележи дека нашите театарџии се прават како да се паднати од Марс.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ниту пак, имаме намера да ги регистрираме латинските записи, различните патеписи или бројните хроники кои известуваат за освојувањата на градот, како ни сѐ она што е напишано по повод катастрофалниот земјотрес од 1963-та...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Она и самиот не знам зошто не пишувам како да ја разјаснува и претходната мисла, дека си го валкам образот од тоа што сум подлегнал на нешто па сум заборавил да ги регистрирам работите како што правев дотогаш.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ѓорѓија повторно културно се насмевна и потоа ја пофали својата сосетка за добро научениот странски јазик, иако вистински не ги регистрира сите информации што му ги даде во толку кратко време.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Времето додека се задржуваат е недоволно за да може секој минувач да ги регистрира со око.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Исто така, голем број на држави воопшто не ги регистрираат жителите, или го прават тоа само на нередовна основа.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)