- Да бе. - На сите знаеше да им ги реши проблемите, а не можел да ги предвиди лоповите шо ќе му влезат у куќа хахаха.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Според тоа, постојат два големи проблема што Партијата е заинтересирана да ги реши.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Расел не ги чекал долго одговорите на овие прашања.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Подоцна, во 1919 година, Витгенштајн му пишува од затворот, испраќајќи му копија од расправата во која тврди дека не само што успеал да дефинира „тавтологија”, туку дека ги решил и сите останати проблеми во философијата на логиката за кои расправале заедно.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но тој немаше желба да стане и затоа продолжи да лежи на креветот, како божем лежејќи таму ќе може да ги реши сите нешта.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Можеби ќе ги решиме сите вистини за светските заговори.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ќе ги решам конечно моите патолошко филозофски дилеми. Така, значи, сѐ по ред.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Само таа може да ги реши сите проблеми на веков. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Да ги реши гајлињата, да не го фаќаат уроци, да му е лесна и весела мислата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
ТРОШЧЕЈКИН: Има илјада работи, што треба да ги решиме, а ние се занимаваме кој знае со што.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Да ги решат проблемите. Да прослават положен испит, дипломска или роденден.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Што сум јас будала и се замислувам за работи кои сигурно Илија во најскоро време ќе ги реши?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Пред два месеца, Лила требаше да му се придружи тука и да му ја скрати многумесечната осаменост, но таа веќе по третпат му најавува дека сѐ уште не ги решила прашањата со одржувањето на нивниот комфорен апартман, па уште извесно време ќе остане во Софија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Учителката им рече да решат неколку задачи, но Ема никако не можеше да ги реши.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но, како што минуваше времето, ѝ стануваше сè потопло и потопло, а потоа сè постудено и постудено, па на крајот си го облече палтенцето, иако никој во одделението не седеше со палто на час.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Влези, сите ги решив, ќе ти објаснам.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И јас сите ги решив.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Но велеше дека за нас, туѓинците, кои првин секогаш ќе си имаме проблеми со јазикот на другите, беше најдобро да се определиме за средните стручни, технички или медицински училишта, оти така ќе си ги решевме однапред главните проблеми кои подоцна не ќе ни ги комплицираат животите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Отпрво претседателот на градот и одборниците радосно си ги триеја рацете, мислејќи дека со огромното злато што им го донесе некакво чудо, ќе можат да ги решат сите градски проблеми.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А тој, имено, лежи во тоа што ова објективно важечко право, воопшто не е создадено да ги реши или олесни проблемите на сиромашните и економски зависни работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За да ги решат овие проблеми Артур и неговите истомисленици користат компјутерски симулации од типот на Холанд.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)