„Јано, Јано, Јано“, и во овој миг кога таа го нурна своето лице во неговите гради за да ја убие својата гласност, знаеше дека илјада безбојни кепеци што ги родиле грешните ноќи се збираат околу нив и ја пеат химната за една Марија со друго име и само со малку поинаков вкус на жедните усни, малку пред тоа кога му рече „Немој, некој стои таму, гледај“, и кога и рече за бронзениот паметник на поетот, со бела нишка месечина на носот: „Тој не гледал ни кога бил жив од ѕвезден песок што му ги нарасил очите“, малку пред тоа кога долго не можеше да ѝ ја откопча со одвитканите прсти црната блуза...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Та не беа челични! И нив ги родила жива жена, и паѓаа мртви.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Децава наши имаат мајки што ги родиле, но и кози што ги одржале живи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Колку да е, ќе си трга кон тие што си ги родила.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
АРСО: Е, зар мајка ми ми ги родила, та... Туку, јас го гледам адетот.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ти било речено, така сакал господ.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Тој е типичен феномен на епохата што ги роди сите херои во паметните борбени години на Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)