ги (зам.) - светнува (гл.)

Неговото кафене беше единствено собиралиште, и додека едни пиеја кафе или ракија, други играа комар, а во преградата од десната страна тој ги сечеше четките на селаните или им ги светнуваше еднаш во неделата лицата стругајќи им ја брадата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Светла како бел бигор, а мека и нежна како мирис од мошус и амбра, Калија, со збор што беше певлив и пријатен, чиниш по неговите синии бесшумно се тркалаше и ги мазнеше, ги мазнеше - така му се присторуваше на нејзиниот Марко, кога ќе почнеше да ги светнува дали синиите, дали ибриците, свеќниците, дали каделниците, ѓумовите, котлите, араниите, тавите, фенерите или леѓените.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кому и зошто му било нужно да ги светнува оние стари чевли, крпени со разнобојни парчиња, за да побуди во мене илузија дека ми се даваат како нов велигденски подарок.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затоа, со несигурност и стравување, мораа, еден по еден, да ги светнуваат прозорците.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)