Болните, пред да се напијат и пред да се потурат со вода од кладенецот, во него треба да пуштат паричка, железна, и трипати едноподруго да изговорат една молитва што тука, на лице место, ќе им ја каже бабата и пак така, ноќе, потајум, никој да не ги види и да не ги сети, заедно со бабата, да се вратат во населбата во Потковицата - ако сакаат да им се фати лекувањето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Колку убавини, толку таги има Што не сум ги начнал и не сум ги сетил, Толку предели што не сум ги посетил, Што не сум ги насетил и преселил Во окото, во душата, оскорушата На есен, тополата разголена, разболена Од лисјето пред паѓање, пламенот на згаснување Толку убавини, а празнина во душата.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Одеа молкум, загледани во себе и пред себе, во земјата која како единствено да жалеше зашто тој ден не ги почувствува табаните и живата душа на Сане Сандин, не му ги сети нозете кои како да не беа од крв и месо сочинети, туку од грутки печена црвеница, како од корки сува јеловица.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сега, во овој миг, се колнам дека ќе ги убијам сите лоши чувства што ги сетив во оваа година.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Подоцна, пак ги сетив сите симптоми, како од учебник по кардиологија, и се счучулив, чекајќи го крајот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
После можеше да ги сети и оние двајца, што одеа напред, знаеше дека му се свртени со тиловите, но и тие на некој начин како да му беа видливи со онаа нивна зачекореност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пред тоа првпат ги сетив и ги видов во матното напукнато огледало двата песји заба што скоро ми пречеа да на држам устата затворена.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Снимателот беше, впрочем, предвоен фотограф, кој излегол во партизани последните месеци колку да им ги направи на новите раководители првите ретуширани портрети, па како таков, то ест како уметнички фотограф, стана и филмски снимател во новооснованото филмаџиско претпријатие, но иако дополу задоволен криеше уште амбиции, што допрва имаше да ги видат оние што беа доделени да ги сетат на свој грб.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Татко, внесен во читањето, се случуваше и да не ги сети тивките Мајкини чекори, чекорењето на Мајкината тишина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Откако ќе ја забележеше бараната книга на своето место, ќе ги сетеше, низ тишината, Мајкините чекори, на излегување, како тивок тупот на нивната заедничка среќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)