Барем така им велеше на тие што даваа пари, а посестримите ги газеше на секој чекор да не се даваат на Турците, оти главите ќе им ги скинел како на врапци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Оф, ми ги скинаа нозете! - извика некој. - Го убија Гуштанов!? - викна втор.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Еден по еден во блиската плевна! - извика некој.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Таква каква што е и во синџири да ја врзеш, ќе најде начин да ги скине.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Затоа, реши да ги скине синџирите на моралните норми и запали табуата кои ѝ висеа како дамалков меч; реши да му се препушти на мигот во кој се спојуваат небото и земјата и пред кои и строгите богови затвораат очи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сигурно ќе ми ги скинеа прстите ако не бев луминозен каков што сум.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тие абдали, не знам кои беа, што беа зафатени со таа работа да го заклопат сандакот, најбезобзирно го стегнаа капакот, прстите ќе им ги скинеа мурдарите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Мирисот се ширеше низ селото и кучињата урликаа и напињаа на синџирите да ги скинат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Драга и мила мајко, ... Врпците со кои бев изврзан за креветот, ги скинав...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сите планови што беше ги смислил последниве денови ќе паднат во вода само ако Арсо ги скине конците.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ги скинале, ги раскинале.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ни се удираат срцата, сакаат да си ги сменат местата и ќе ни ги скинат предниците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дресерот носеше на себе заштитни алишта, ракавици и кај секое куче ќе предизвикаше бес; а потоа и целата група кучиња, ќе ги раздразнеше до таа мера што тие ужасно лаеја, квичеа, напинаа на синџирите да ги скинат, а потеа сам одеше и се криеше во шумата; кога ќе се скриеше, војниците ги пуштаа кучињата и тие, лаејќи и душкајќи по неговите траги, го наоѓаа каде што беше скриен; му се нафрлуваа, но војниците ги сепнуваа, ги задржуваа и ги тргаа за синџирите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година умира композиторот на Норма, Белини, и се обвиваат со филц и гума тркалата на парниот автомобил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И, додека е во тек преселното движење на холандските Бури од еден во друг дел на Јужна Африка, ларпурлартизмот ѝ готви на уметноста стапица за да ѝ ги скине врските со животот, граѓанската класа во Шведска бара укинување на племството што можеби, според правдата на развитокот, ќе подава рака да испроси трошки од „никаквечката“ трпеза.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но еден од оние што биле против тоа, ноќта ги скинал јажињата со кои бил врзан, скокнал во водата и испливал на брегот за да им соопшти на луѓето... А потоа...“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ќе ги скинеме прангите на визуелни граници од црвената линија што сме ја поставиле...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Човек не знае кај ќе ги скине конците, кај ќе ги растури коските.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)