ги (зам.) - скубе (гл.)

И жените во овие мигови го губеа умот: пиеја под рака со мажите, ги скубаа за мустаќи и брада, им се качуваа на грб како на магариња и ги маваа со нозете да ги носат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дење ги скубе пердувите, ноќе ги лепи на трски и на секакви конци и жици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Децата пиштеа, жените ги скубеа косите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)