ги (зам.) - смирува (гл.)

Во 152 Margina #8-9 [1994] | okno.mk неговиот премескалински роман Убавиот нов свет дрогата, сома, која предизвикува еуфорија и халуцинации, во основа ги смирува оние кои ја земаат и на тој начин ги штити од штетните последици на разните политички притисоци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нивната самоувереност ги чува, ги смирува, тие се дебелеат додека би можеле да се распаѓаат и да умираат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓутоа, набрзо увидел дека опиумот не само што ги смирува болките туку и предизвикува 146 Margina #8-9 [1994] | okno.mk состојба на еуфорија, поради што уште повеќе се врзал за оваа дрога за која во почетокот многу малку знаел.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Гајретот ги смирува и зајакнува душите... продолжи Татко откако ги претстави прелиминарните податоци за поимот гајрет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски внимателно слушаше и, како по обичај, нешто бележеше во големиот нотес пред себе, па ја крена главата и замислено праша: Поимот гајрет може да се толкува историски, филозофски, но и верски?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Останавме засекогаш жители на земја без враќање... * А еве ме сега и мене на ред да го довршам мајкиното враќање, посиромашен од татковата моќ да ги смирува моите засилени идеи, еве ме пред молчаливата Мајка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можеби беше солза која ќе светнеше и ќе наедрееше по калдрмата, потоа ќе се лизнеше по неа и наместо да ги натажеше луѓето што ќе ја сретнеа, таа ги смируваше, ги успокојуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зашто, како прво, тој од тоа живееше и сакаше да има работа, а како второ, знаеше дека закараните и заинатените луѓе не вреди да ги смируваш, зашто ним инаетот им е поблаг од сѐ.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
IV Додека Комисијата шеташе и ги проучуваше граничните синори и се очекуваше што ќе се реши - Мировниот совет на селото составен од неколку старци, продолжи да ги смирува братучедите Танаил и Китан, кои се расправаа околу своите имоти, околу своите делби.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Инаку, при пишување на желбите или тужбите немаше обичај да ги потпалува скараните странки, да потфрла „бензин” на огнот, да ја разгорува кавгата, но немаше обичај ни да ги смирува, да го гаси тој оган ако веќе вивнал...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сепак, гледам дека постои скала на откровение од табуто на темава, што прилично ги смирува моите грижи. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се слушаа само нашите чекори по тешките дрвени прагови на пругата; владееше ужасна тишина, која ми ги смируваше сетилата, што ми беа растроени од пијанството под врелото сонце на Стоби.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Караман! Стрела, молк! - ги смируваше кучињата, кои со своето тревожно лаење не му дозволуваа да го следи завивањето на волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По цел ден ги смируваме жените и децата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во кавгите се замешуваа и селаните и ги смируваа: „Не терај инает, Профиме...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ама очите твои како планинско билје болкиве ми ги смируваат...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Не, оној друг свет од мрак не ќе може да ја пробие тврдината на нивните молитви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа ги смирувало. Се чувствувале пречистени и лесни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајка ѝ ги смирува, но залудно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Не паметам од кога не ми е перено и пеглано, а порано бев секојпат така убаво облечена.“ „Потивко!“ - ги смируваше убавата Лила поткренувајќи го десното раче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Реката ги смирува боите на пладнето По патот на пастрмката претрчува шепот и цветот на реката се затвора.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Бидете стрпливи! Да го дочитаме писмово!“ ги смируваше претседателот Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Како што Мајка ги задржуваше и ги смируваше пресилните зборови во својата градина и во тврдина на молскот, така во задржаните солзи ги задржуваше пресилните удари на балканската судбина и на балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)