ги (зам.) - смислува (гл.)

Па иако знаеше колку се ризични потфатите што ги смислува, не беше во состојба да ги сфати моите аргументи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Лично ми го имаше речено тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знам заповедите не ги смислува времето празно Станува збор за состојби од нашето минато (Исплазувањето, јазикот) ги имаат поминато Сите едукативни степени и тоа под наш надзор.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во турнирската сала, пред очите на тиха публика, тој ги смислува, како сосем отсутен од стварноста, своите потези или пак прошетува со одмерен чекор меѓу шаховските столчиња, погледнувајќи ги позициите на другите табли, а изразот му е задлабочен, продуховен, и некако само од себе му се налага да ја чувствува својата важност и како случајно да погледне во публиката сакајќи да види дали се одразува на неа сугестивно тоа негово чувство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа Петре ги смислува, неговата душа не спие.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)