ги (зам.) - смогне (гл.)

Во секој случај, она со што си имаме работа во сцените од Милдред Пирс и од Најмила мамичке не е терористичката моќ на машкото заплашување и доминирање, туку моќ на жртвата која веќе нема да трпи и која се враќа триумфално, „ранета и доминантна“, да им се спротивстави на своите прогонители со сета силина на својата болка.294 Кога би можело задеваното и тормозено настрано дете, втерано онаму в ќош на игралиштето, или кога само би можел злоставуваниот љубовник, предаден и измалтретиран од дечкото, да ги смогне и да ги канализира таа праведничка, победоносна јарост, жестината и гламурот на Џоан Крафорд, можеби би нашол во себе смелост, сила и сигурност да го возврати ударот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наречете го тоа моќ на хистеријата или наречете го востание на абјектните, наречете го дури и феминистички гнев: можеби сите тие се различни имиња на едно и исто нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наеднаш спротивставувајќи ѝ се на презирната ќерка со секавичнa јарост во онаа прочуена кулминациска сцена, таа ѝ дава речовит и гламурозен израз на жестината што веќе им тлее на долго маргинализираните и малтретирани луѓе – жестина што лесно се разгорува во услови на краен стрес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)