ги (зам.) - совлада (гл.)

Раскинување на договор не може да се бара ако страната што се повикува на променетите 69 околности била должна во време на склучувањето на договорот да ги земе предвид тие околности или можела да ги избегне или да ги совлада.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Си размислуваше, како и некогаш за Скопје, дека империите на злото и на делбите, со победите и со поразите, со намерите да ги совладаат или да ги смират разликите, создавале, во овие центри, и простори на помирливост, на толерантност...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Алал Комби прифати: - Тука е комунистичката доктрина да ги совлада сите разлики.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се обидувале империи да ги совладаат, со насилства и со масакри, но тие самите пропаѓале. А разликите опстојувале...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вистина, Бојан никогаш порано не се нашол во ваква положба, за да знае како мајка му ќе се постави, како ќе го преживува тоа, но сепак беше убеден дека таа цврсто верува во него, верува дури и повеќе одошто е потребно и смета дека нејзиното момче е цврсто, смело, решително и умно, па може насекаде и во секоја прилика да се снајде и да се постави како што треба, знае да ги совлада сите тешкотии.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Рака на срце, Миха не ги совлада сите пречки и препреки без отпор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И во секојдневниот живот, состојбите на будност и конвенционално чиста свест се несомнено неопходни поради голото преживување во светот на бројни опасности коишто мораме да ги совладаме, да правиме со нив компромис или да ги заобиколиме.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во секој случај и јас но и тој стоиме пред многу нејаснотии.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нему не му тргна од рака нив да ги совлада.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, и неговата додатна дилема што мене ме развеселува а него, веројатно дефинитивно го дотепува; она сладникаво но и горчливо прашање, што самиот тој со тивок глас си го поставува: „Дали навистина ќе ја довршам со успех задачава, и како ќе ме наградат ако ги совладам безвредните тешкотии?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А изгледа јас сум несреќникот што ги умножува?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека заморот на темниот одблесок од бакарниот залез на сонцето не ги совладаше.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Заради влакнестиот грб потсетуваше на ѓавол од прикаски кога се откопува себеси од песок и неродица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но овој ѓавол како да сакаше да се ослободи од сѐ што е темно на него и во него, како да сакаше да ги совлада сите идни искушенија со нова, никогаш порано недоживеана чистота на душата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако тој ден ниеднаш не бил тука сосема сам, тој можеше да ги совлада сите работи, што беа негови, и беше среќен од тоа. Можеше да работи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога не си можел да ги совладаш на местото, или барем првиот ден, тогаш сигурно побргу од тебе ќе ги настигне некоја глутница волци и, ако се совладани дотаму, за да не можат да ѝ се спротивстават, ќе ја нахранат побргу неа, така, за кога ќе стасаш ти да можеш на наидеш на тоа место само некоја бела коска.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Поспаните, кои порано ги совлада сонот, беа жртви на ѓаволштините на будните речиси до самите зори, кога и наставниците како и персоналот на хотелот можеа конечно да здивнат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога Татко беше уверен дека конечно Камилски ја завршил својата прикаска за башибозукот, тој се исправи, прошета со погледот кон наредените книги на рафтовите како вистински војници, кои само тие, двајцата, со нивното читање ќе можеше да ги прочитаат, да ги совладаат, да ги направат безопасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски, откако ги совлада сонот читајќи, ги разбуди песната на бригадирите кои се враќаа од доброволна работа и намерно се доближија до нашата куќа крај реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го развеа знамето на Пророкот во Палатата, ги повика населението и улемите, да го поддржат и ги испрати морнаричките воени единици и на артилеријата да ги совладаат јаничарите во нивните касарни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му се восхитуваше на тоа мало човештво составено од толку различни луѓе, кои живеат со векови заедно, без многу да се мразат, успевајќи да ги совладаат разликите, кои во другите предели на некогашното царство толку тешко се хармонизирале.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На крајот ќе се разделат, пред да ги совлада смртта во окупирана Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обајцата, еден со меч друг со перо, во еден долг период ќе ги обединува заедничката, света мисија, како ретко кои други во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
– Туку, ајде доста – се обрна кон забитот и беговите – терајте ги во апсаната и само по еднаш леб и вода на ден – и се врати назад во својата канцеларија со Јунуса, Рифата и буљукбашијата да ги распраша понатака како ги совлада, како толку бргу, кој им помогна и друго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во два налети султанскиот румеливалија заедно со охридскиот Ахмет – паша со четириесет илјади војници не успеаја да ги совладаат востаниците на Сули и мораа на крајот да побараат мир.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Проектот предвидуваше небаре низ научно-фантастична визија да се обнови патот на јагулите, со градење отвори на високите насипи, па со градење на водени лифтови, кои ќе ги совладаат висинските разлики да го оживеат патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Целиот нејзин живот е мрежа на интуиции, почетокот на зборови, како неон и свод, бор, топаз, сенка, но тогаш бебето почнува да плаче.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога некој би можел да ги совлада овие елементи, би можеле подобро да гледаме во мрак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Си ја растресува главата како да сака да ја разбистри, но ништо не се менува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Облечен елегантно, по европската мода, успеал да ги совлада сите пречки и безбедно да се качи на возот за Скопје.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)