ги (зам.) - соединува (гл.)

„Од времето на светската библиотека до XX век Александрија е повластено место на книжевната имагинација, топос на т.н. александриски стил” - истакнува Александар Јерков и продолжува: „Урбофилијата ги соединува книжевните градови во еден урбопоетички свет Лондон, Даблин, Рим, Петроград, Александрија, Париз, Виена, Берлин...“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Најтаинствениот „магичен квадрат“ кој ги соединува анаграмите и палиндромите, е славната формула Sator Arepo.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не се работи за описи на градовите туку за симболички печат на урбофилијата којшто во современата книжевност непогрешиво се чувствува во непрегледната низа на големи писатели - кај Џојс, Пруст, Музил, Кафка, Бели, Симон, Ман, Вирџинија Вулф, Брох, Рилке, Дарел, Борхес, Калвино, Фаулс, Еко, Криста Волф, Буцати, Пинчон... (На поинаков начин урбофилијата ја обележа и мислата за книжевноста - на Адорно, Блох, Сартр, Башлар, Барт, Дерида, Фуко, Лакан, Лиотар, Бодријар, Слотердајк...) Урбофилијата ги соединува книжевните градови во еден урбопоетички свет на Лондон, Даблин, Рим, Петроград, Александрија, Париз, Виена, Берлин...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во оваа загадена јама луѓето ја наоѓаа нишката што ги соединуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ништо повеќе од мудро сврзан сублимат на претходното знаење и случајни околности кои мозокот ги соединува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А сега едни од нас гледаат на себе како на Бугари и ги соединуваат нашите интереси со бугарските и наместо да ја изучуваат Македонија во секаков однос, наместо да ја изучуваат историјата на Македонија во сите времиња, ги изучуваат бугарските интереси и бугарската историја и не честопати оние периоди од неа што немаат никаков однос кон Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Востанието ни покажа оти ние Македонците не можеме да очекуваме помош од никоја од балканските државички, оти решението на нашето прашање е сето во рацете на големите сили и затоа нам и не ни треба да ги соединуваме и да ги замешуваме нашите интереси со чии и да се словенски интереси на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој е нивното духовно богатство. Тој ги соединува и си оди.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)