Поразговара уште нешто со нив; ги нарече баби што им служат на агите, но и сам знаеше дека инаку не може да биде, па почна да ги сожалува: – Таков ви бил касметот; браќа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се сети дека боговите диктираат и судат, порасна високо над нив, преголем да уверува со грмотевици, па сакаше да ги сожалува (не можеше) и сакаше да им се смее (не можеше ни тоа).
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Треба ли да ги сожалува човек? Не треба, Пандо...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со силите што ми преостануваа повторно можев да чувствувам, да ги сожалувам – жртвуваните егзекутори кои беа готови и мене да ме егзекутираат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А односот и со него, и со браќа му, беше ист: тој ги сожалуваше нив, тие пак него.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не знаеше дали да ги мрази или да ги сожалува. ***
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Нивните груби, тесни бечви, го тераа да ги сожалува.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ми се случуваше, на час да ги набљудувам професорите. Ги сожалував и нив.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)