Потоа ги испружи рацете преку рамената на својата пријателка, ги сплете на грбот по кој се разлеваше нејзината долга брановита коса, силно ја притисна кон себе, потоа се оддалечи малку од неа, за да се погледнат очи в очи и, кога заеднички ја фатија нитката на длабоко вслушување во молкот, Илона тивко проговори: “Тоа е мојот единствен пат. Помогни ми. Те молам.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Цврсто удиравме на асфалтот со новите војнички цокули.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го извадив шамичето и долго и ги бришев солзите, ја галев по глава, два - три пати и ги расплетов плетенките и пак и ги сплетов.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Илона остана во студиото на Ема до полноќ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)