Најмногу ме измачува тоа што не можам да се сталожам, да ги сфатам положбата и состојбата, бардото во кое се наоѓам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Секогаш кога ќе го погледнам, го имам она чувство во стомакот дека тоа повторно се случува.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Можеби сето тоа изгледаше како хорор шоу - „предворјето на пеколот“ - за луѓето од страна, но за нас сето тоа беше нормално - на крајот, ние бевме група луѓе што умееше да ги сфати проблемите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тогаш ќе го види светот во права светлина.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Меѓу нештата кои ќе ги сфати е и тоа дека философијата не е главна содржина на некое учење, туку активност на разјаснување на пропозициите на природните науки и отфрлање на метафизиката како бесмисленост.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во таа смисла маратонските бакнежи во Kiss можеме да ги сфатиме како потсвесна реакција на ограничувањето на траењето на бакнежот со Хејсовиот кодекс во американскиот комерцијален филм, а насмеаниот егзибиционизам во Couch како реакција на неговиот пуритански дух.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ворхол донекаде, како и неговиот омилен режисер Џек Смит, потсвесно реагираше на холивудските догми, кои во непроменета форма постоеја речиси триесет години.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Еве ја, охо, си мисли К* со својот мал кучешки мозок, каква мачка, можам да ги сфатам кучињата зашто ги бркаат мачките, си мисли К* и замалку да залае наглас додека сосетката Маргина 35 101 врти по патот и исчезнува од неговиот видокруг.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Така и ние мораме предметите што нè опкружуваат како и нашето сопствено “Јас”, духот, душата, она нешто што го именуваме како идентитет, да ги сфатиме како точкасти компјутеризации. 140 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но Геро го утеши дека се мангупи ама со мерка, па имаат уловено риби колку и за него, ако ги сфати како мезе и ако земе под рака некое шише од штабот или од магазинот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
ДАСКАЛОВ
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што сакаше да постигнеш во конкретниов случај?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или сметаш дека можеш да ме увериш оти обидот да разговараш со Јана, како и другите твои слични однесувања треба да ги сфатам како игра, или малечка шега од која си сакал да извлечеш и корист?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но Даскалов без некоја поодредена намера ми го одвлекува вниманието од збунетоста: - Патекава нуди чудно задоволство - вели тој.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сепак, речиси бев уверен дека тој ги сфатил причините за мојата несигурност и збунетост.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Само толку сакам да знам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или станува збор за пораки што јас не сум дораснат да ги сфатам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Понекогаш ѝ се чинеше дека никогаш нема да ги сфати овие луѓе, помисли отпивајќи голема голтка кафе од шолјата со американско знаме.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се криела ли итречка игра на челникот во тој предлог да го придобие на своја страна бунтовниот имењак од прости сметки зашто верувал дека тој може да посегне со своите тешки шепи кон невидливата књазовска круна на кукулинската татковина?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некои така ги сфатиле зборовите на таа великодушност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ова јас го реков уште во 1842 година и досега верувам во вистинитоста на оваа забелешка.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Како може поданикот да ги сфати сите причини, намери, размислувања; различните видици на истата страна и разгледувањата на другата?!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Мисли со кои ќе ги сфатиме вистинските вредности.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Само нашиот разум не е подготвен да ги сфати нештата на таков начин.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ми требаше време да ги сфатам нејзините нереални зборови.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Оној Исус проповедаше дека господ сите луѓе ќе ги претвори во мачки.“ Ги сфати и се смири, свесен за безизлезноста. „Господ“, рече.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Веројатно бев премногу малечка за да ги сфатам политичките приклонувања на татко ми.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Да ги сфати.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но, мал е за да може така лесно да ги сфати сите тие работи...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
На литературните реминесценции на драмата “Настан” укажал и современиот француски критичар Рене Гера со зборовите: Читателот на Набоков треба да поседува голема начитаност, да ја познава руската литература, инаку тој не веднаш ќе ги сфати директните или засенчените наспомнувања”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Дружејќи секој ден со обвинетите можеби тој заклучил дека зборувањето со себеси е обид да се надвладее стравот и да се поврати загубената самодоверба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таа имаше за сè свои решенија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Помислив: вината е веројатно кај снисходливоста на бушавиот како и во неговата спремност да ги сфати моите слабости.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Зошто да го послушам Банде и без тоа тој е упукан и мртов а јас не сакам да ја загубам слободата на сонувањето – ѝ одговорив и притоа навистина бев тажен бидејќи знаев дека таа не може да ги сфати моите причини.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се разбира, знаел дека неговата одлука не е в ред, и таквата помисла многу придонесувала да се чувствува виновен, но сепак оценил дека разделбата е најдобриот крај за оваа врска.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Лично ми го имаше речено тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Најсетне и тој сфатил дека бракот и сличните глупости можеле многу неповолно да се одразат на неговата кариера; дека ова можеби звучело по малку и неодмерено па дури и себично но тој бил уверен дека правилно ќе ги сфатела неговите причини бидејќи била полна со разбирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Па иако знаеше колку се ризични потфатите што ги смислува, не беше во состојба да ги сфати моите аргументи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не е во состојба, кутриот, ни да ги допре а камоли да ги сфати задскриените намери и невидливо бојадисаните постапки на насмевнатата секретарка која без да ползи туку само со неколку одмерени скокови се најде на она место од каде сега има целосен увид во сите позначајни случувања во установава.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не сум сигурен колку можам да ги сфатам а камоли да ги прифатам ваквите размислувања! Тоа и му го велам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Конечно, 1911. година, откри што всушност сака од „тие примитивни почетоци на уметноста”, кои самиот ги нарекуваше „цртање по несвесните импулси”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сепак, биле потребни десетина години за тој да ги сфати импликациите од тоа негово откритие.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Па кога едно дете ќе ги сфати овие нешта, како што ги сфати и Зоки Поки, тогаш за него е најголема среќа кога тие тато и мама ќе го сакаат и него, и ќе го примат во својата убава заедница, чувајќи го како најскапото што го имаат.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Толку работи наидуваат, си одат, а умот стои збунето пред нив; умот не е во состојба да ги сфати толкуте многу глупости во нашиов посрамен живот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не го спомнува тој, не го спомнувам ни јас, иако знаев дека со таа мисла за некаков божемен долг кон отечеството се буди и заспива.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
После онаа посета на Иван Степанович, татко ти, барем со мене, никогаш не го спомна веќе во нашите разговори Белиот Корпус.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тоа не значи дека вашата порака мора да биде здодевна.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ваквиот пристап вашиот текст ќе го направи поубедлив, а графичкиот приказ порелевантен. (Терминот релевантно е посебно модерен во американскиот маркетинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Лошите наслови пренесуваат негативни слики, упатуваат на слики коишто публиката не може да ги сфати пред да го види филмот, или воопшто не упатуваат на слики.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сите податоци во огласот мораат да бидат релевантни за потрошувачот, што значи треба така да бидат „погодени“ да ги отсликуваат точните внатрешни состојби на примачот на информациите, за тој да ги сфати сериозно и да се однесува според нив.)
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сѐ подобро можев да ги сфатам пациентите низ нивните различни начини на комуницирање.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Треба да се потрудите да ги сфатите своите родители.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А родителите ги лути и навредува тоа што децата не можат да ги сфатат нивните грижи, не можат да го видат тоа дека тие често со голема умешност врзуваат крај со крај.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Без двоумење го одбрав Политичкиот смер и токму тогаш ги сфатив прстите на судбината.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Мене тие нешта не ми се баш јасни, колку и да се трудам да ги сфатам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еднаш и брат ми се обиде да ми објасни, па крена раце: - Ова е уште еден доказ дека девојчињата се глупави – рече и ме батали.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас не разбрав што е тоа важно, ама мајка ми има некои такви чудни работи во главата кои понекогаш не можам да ги сфатам, па чекам да пораснам и сè да ми стане јасно. Но, тоа сега не е важно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Важно, прстенот со жолт камен секој ден, кога шетавме со Меги низ Охрид, го меркав и секој ден се плашев да не го купи некој друг, оти беше единствен, а јас решив тоа да го сторам последниот ден, пред да заминеме, да не се случи да останам ептен без пара во џеб додека сме сè уште таму.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)