Привршија сите крстопати на земјата на кои, пред да продложиме, застанувавме како вкопани пред неизвесностите што ги таеја тие.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Големите, тешките мисли ги таеја во себе. Што понатаму? Каде? Како?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Усните безгласно му шепотат милосни зборови, за кои ни самиот не знаеше дека ги таи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ако ги криеш коските на дели млади јунаци тука што лежат по тебе за тија темни дубрави - зошто ги таеш песните?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Душата моли а ти и телото твое одбивате да ја придружите, да прошетате... И еден сјаен потпис на остра веда на париското небо... ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)