Со еден збор, јузбашијата почувствува едно гостопримство, та неговата свест не му дозволи да ја пренесе Бахтијаровата наредба за терор на војниците, ами напротив, им заповеда да се држат човечки додека и рајата така се држи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој доаѓаше со мисија да ги тероризира, истизува, да прави тевтиши и зулуми, како што им рече Бахтијар на бимбашиите, а овие наивни селани, место да се плашат и кријат од него, го викаат на конак.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)