ги (зам.) - теслими (гл.)

Ризо Ушков ги прејде преку Црна и во Гудјаково им ги теслими на Ивана Колев и Стевана Војчев, овие му ги предадоа на Димитрија во Вепрчани, кој ги одведе до поп Пана Мицев во Беловодица и за неполни два дена, односно две ноќи, се најдоа во Оревоец, откаде Диме Бачко го извести прилепското раководство на чело со Јордна Стамболџија, Јован Грабула, Алексо Гермовчето и Алекса Бајракот, та дојде и до средба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
2. Конзулот си достоја на зборот и му ги теслими на валијата „бунтовниците“ Шаќира и Ѓура пак со интервенција да им се суди по царските закони, и овие се најдоа уште истата вечер во Катилана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Организацијата веќе почна да фаќа корени насекаде, а Мариово во прв ред беше организирано, бидејќи со своите густи гори тоа беше природен заштитник на оние обесправени што сакаа да се борат против тиранијата на султанот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А особено ако дигнал рака на падишахот и неговите силни слуги.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арно ама, кога ги раскова дома сандаците имаше што да види.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шаќир ги одврза, ги преброија двајцата со Бајракот и Шаќир му ги теслими и нив на овега, кој стана и си излезе, ветувајќи им на Толевите четници дека вечер ќе им испрати човек да ги изведе од градот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѓорѓи беше „купил" дваесет берданки таканаречени „гра" и цел сандак фишеци, му ги теслими така заковани во долги сандаци, уверувајќи го Трајка дека се нови од фабрика и Трајко му ги даде стоте лирички — шеесет за берданките, четириесетте за фишеците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Се поправи, море, откако го втеравме во Организацијата, — констатира Шаќир како на фалба, бидејќи тој го кандиса Толета да го напушти арамилакот и да се придружи со нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)