Огнови што ја горат душата, можат да ги угаснат само оние што ги запалиле!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Деца, да не ми ги угасните свеќиве!... {ја зима главата на Антица со обете раце и полека ја чукнува три пати од оцакот со зборовите): Да ми си домаќинка — куќница, колку оџаков што мрднува од местото толку ти од куќава.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Не ги угасна очите на дедо Костадин, па така и го закопаа - со светот во нив!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Мажите некако успееја да му ја исправат снагата, а Пелагија посегна да му ги угасне очите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тогаш оние придојдените и оние што не стигнаа да се напикат во некоја отворена уста на црните вагони, си ги задскрија тупаниците од зад грб и назадечки го отвораа кругот околу вагонот со скриена мисла во главите дека уште веднаш треба да се спотнат огновите за да не ги угасне денот и сонцето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)