— Дошол Арсланбеј, мудурот од Витолишча, да види џекои давии на селаните и да се прошета, a со него само Селимчауш и еден заптиа, ама Селим отиде вечерва во Градешница, та мудурот остана гостин на Сивета само со заптиата — му објасни Бендерот на Тодора и овој си тргна, та отиде да ги утеши своите гости.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таа гледа во него и почнува да го свири мането од неговата омилена солунска песна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ќе ги утешам оние што ќе се растажат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Се обидувам да ги утешам Мајкл и Кори објаснувајќи им дека од лошо има и полошо.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Зошто не би ги вратил да ги утеши и израдува?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Да летне во Жешов, да го посети гробот на реб Апфелблум, да се сретне со д-р Блумфелд, по можност да му објасни што тоа се случи, одново да разговара со Зимха Зајден и да се обиде да му одговори на неговите нови опрашања што впрочем и него самиот го мачат, да прошета низ Кертнер штрасе во Виена, да ги сретне своите угладени професори од рабинската семинарија и да им каже дека не е виновен за тоа што се случи со неговата паства, дека постапуваше како што тие го учеа, дека не ги лажеше во своите обраќања, туку се обидуваше да ги утеши и да ги спаси од предвременото очајување; потем да оди во Виена при виенското еврејство и високиот слој кој само почна да му се отвора, но на кој всушност никогаш не успеа да му припадне, а потоа да оди во Музикферајн, да влезе во позлатениот необарок на салата, да се намести удобно на седиштето и да слуша; да слуша возвишена музика, созвучја исткаени од занесот и дарбата на Шуберт, на Хајдн, на таа возвишена, на таа рафинирана музика со симфониска исполнетост, на која е воспитуван и на која сега сака сосем да ѝ се врати...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)