ги (зам.) - фиксира (гл.)

Исто така, еден вид театар, сличен на хепенингот, претставува музиката во која е тргната границата меѓу изведувачот и слушателот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа посебно се однесува на неговото сѐ поголемо ангажирање во решавањето на општествените проблеми што сѐ повеќе го одвлекуваше кон театарот кадешто сите работи се случуваат одеднаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Освен веќе споменатите дела, негова најчиста работа во тој домен е Театарскиот чин (1960), за 1-8 изведувачи, кој предвидува низа пропозиции кои наликуваат на игра (играта секогаш има општествен карактер!) низ која изведувачите треба да одберат работи кои потоа ќе ги фиксираат како улога, но така што улогата го отсликува нивниот статус во реалниот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не мина многу време, а Камилски пред себе на работната маса беше целиот опкружен со листови испишани зборови, извлечени од бројните речници, немајќи го чувството дека е победник во бојот со хартијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа Камилски ги фиксира заемките извици: аферим, аферим, браво (од персиски aferim); ашколсун, синоним на аферим; ишала, ќе даде господ, ако даде господ; јазак, штета, срамота; машала, синоним на аферим, но со повикување на претпазливост и страв од урок; сакан, внимавај...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Би можело да биде друга змија, која наеднаш би наишла, не би се влечела и вовлекла во најблиската дупка, туку бесшумно би се лизгала наоколу, или можеби би застанала и би ја кренала главата за да ги фиксира очите во тебе. И ти тогаш би знаел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Алфабетскиот систем можеме да го поделиме на фонолошки и фонетски систем.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Фонетскиот систем на писмо ги фиксира одделните фонетски единици на јазикот без оглед на нивниот статус во системот на конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Фонолошкиот систем на писмо графички ги фиксира само фонемските единици на јазикот и не води грижа за варијантите на фонемите, без оглед на нивните фонетски разлики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Фонолошкото писмо претставува вештачки запис на звучната слика на јазикот во термини на фонолошките, фонемни единици на јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Всушност дваесетина години по нејзиното формирање, по Првата светска војна завршена со Версајскиот мир во Париз, странскиот капитал ги фиксираше симболите на моќта во новото време во новата држава Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)