Националистичкиот кич своите содржини ги црпи од страсната внурнатост во “суштината на националното битие” и како таков свртен е кон минатото и лишен од утописката димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Оваа зелена база ќе ги црпи свите животни струи од блиските минерални води на селото Варвара и од вештачките топли струи на мазутното гориво.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таа била жената од која славниот поет ги црпел сите животни сокови.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А сите мудрости ги научи преку својот грб, на својата мака, зашто не можеше да ги исчита од книгите и да ги црпи оттаму.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со мислите се веќе таму, во бригадите, кај што се бие страшен бој, кај што стануваат чуда, се уриваат карпи и брегови, а мочуриштата како лопата некој да ги црпи, ги снемува од плодното поле.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Бараше да ја закопаме во гробот каде што се дедо ми, баба ми и вујко ми Вангел.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Колку и да ми недостасуваа сите тие драги лица и моментите со нив, ги црпев од мајка ми.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Може да биде извонредно надарен да биде учител поради речиси женската проникливост и речиси женскиот такт“ (243).337
Иако културата на постоунволското геј-движење жестоко ѝ се противи, оваа стара угледна традиција на дефинирање на хомосексуалноста во смисла на родова обратност и на замена на родовите улоги, а не во смисла на сексуалноста, воопшто не изумрела.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што забележува Фелоус, неа ја поддржуваше Гари Хеј, основоположникот на современото геј-движење во САД и главниот извор на инспирација за Радикалните самовили.338 А и натаму цути во неколку значајни школи на современата машка геј-духовност, кои во геј-мажите гледаат современи шамани, потомци на народните исцелители, пророци и врачеви кои во многу општества си ги црпат проникливоста, моќта и верскиот авторитет од впечатокот дека во нив се споиле двата духа на машкото и на женското (254, 262, 244–246, 281 n17).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Претставата дека лезбејките и гејовите денес треба да се сфаќаат како припадници на трет или на четврти пол или род доживува некаква преродба во многу полиња на поновите квир- и трансродови изучувања.339
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Според Фелоус, Карпентер „ги разбирал геј-мажите како ‘меѓумажи’ – ‘мажи со голема мера на психолошкиот карактер на жените’“ (14).336 Фелоус го цитира и ученикот и соперник на Фројд, Карл Јунг, а конкретно огледот на Јунг од 1954 година „Психолошките аспекти на комплексот на мајка“, во смисла на тоа дека геј-маж „може да има добар вкус и естетски усет кои ги негува присуството на женска нишка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
По спомнатава вечера се случи необичен настан што заслужува посебно да биде одбележан. (Податоците за овој настан ги црпиме од „Комитските ливчиња“ на Ѓошо Савев, виенскиот студент, кој како комита лично беше задолжен за животот и сигурноста на познатата мисионерка).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Со јазикот, жената, ко со лопата ги црпи мравите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)