ги (зам.) - чести (гл.)

И сега, кога и Толе, како Бешот, им рече на азите и коџабашијата да ги честат офицерите, овие со сета своја сила се фрлија на таа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И слабо кој направи понекој мал истап, кои истапи јузбашијата уште во почетокот ги ликвидираше разумно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почна да ги чести и луѓето со кои беше. Веќе ми надојде нервозата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да не ги честевме работниците и да не земевме да го запретаме каналон со првата рака земја на цевките, којзнае дали ќе се напраеше ова чудо“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А деверушките имаат циклама фустани и само треба да ги честиш по еден бастун.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дојде лута дома. „Јас, рече - ги честам од супата и репете им досипувам, ај греота се на студот качени по скелињата, а тие мене за мајтап ме имале!“ и извади од џебот розови купончиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се стрчав кон излезот и пак се вратив: - Заборавив, - реков, - да земам пари, дај ми, те молам, некој динар, нели момчињата треба да ги честат девојките?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајка му и баба му ги честат, татко му разговара со нив, а Зоки ги пребројува подароците.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мајка му ги донесе колачињата и почна да ги чести гостите, Но Зоки го одминува, како да не го гледа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)