Рада и Јана занесени во читањето во ист миг ги штрекна остриот звук на јантарниот германски телефон.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сека зелка си се тркалаше кон сопствената вистина: една се потсмевнуваше предизвикувачки, друга намигнуваше заводнички, трета не знаеше што сака и сал туку се удираше во другите зелки и им откинуваше по некој лист од судбината - да ги штрекне, море и асолно да ги здоболи а и да им даде на знаење дека и на удолниците правилата пак ги одредуваат најсилните.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Не можеше да издржи тогаш жената.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Водарите не полнеа вода ако таа не наредеше, варџиите не ја гаснеа варта ако таа не го кренеше камшикот, а делкачите на каменот што се собираше за градење на џамијата, а што ќе преостане и за кулата и теќето, не работеа додека таа не поминеше и со опул не ги штрекнеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Само понекогаш ќе ги штрекнеше старото палто на Павле. - Е, до година...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)