Мара не се задоволи само со кажувањето, но го натера да ги ископа, да ги видела, и ги прекрија сега во три помали грниња, a Сиве задржа стотина на рака и намисли да тргува со нив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Направи неколку пазарлаци, купи брави, овци, кози, ги затера во Битола, се поврати уште еднаш двапати.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Фимка, со поглед закован во двајцата мажи, кои седат отстрана, напнува ум да си спомне каде ги видела. Ѝ текна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Најубавите бои што некогаш сум ги видела на нешто тоа беа овие стакленца со голема умешност вградени во прекрасни слики.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Му зборува за ангели, за херувими, за светци, за дарежливоста и љубовта божја; му зборува за чудесиите небесни што око не ги видело, уво не ги чуло, умот не ги допрел; му зборува за да му се замили новиот живот, што го чека...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога ги видела за првпат тие деца за кои толку долго мислела, сфатила дека мое да ги засака.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Ти си ги видела творовите? – праша таа заинтересирано.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Добро де, си ги видела или не? – беше упорна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Творови се едни смрдливи животни, а џуџињата се викаат тролови – ја поправив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Сум ги чула – реков убедливо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Баба ми Софија не го прифаќаше фактот дека синовите и се мртви, затоа што не им ги видела гробовите.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- Мамо мила, не сум ги видела очите на момчето сонувано - воздивна Ѕвезда - И тој моите не ги видел.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Така двајцата трепереа во квечерините како пламенчиња на благ ветрец, си ги чувствуваа дамарите што се забрзуваа до шумоглавост, преку трепетот на телата што ги опфаќаше и двајцата и кој Алегра нагло го прекинуваше, заминувајќи и дофрлајќи му од вратата: „Уште половина година до нашиот Пурим”, и се губеше во првиот самрак на улицата, не забележувајќи ме мене, заминувајќи со брз чекор кон дома.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Е, колкупати сум ги видела од прикрајок.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ни таму, на станицата во Гаково не ги видела, а ни вчера кога се растовараа!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Просторијата е полупразна. На другана страна има некои луѓе што таа никогаш не ги видела.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тој вели дека тоа се стаорци, но јас сум ги видела одблиску. За ова не е во право. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 193
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Така зборува затоа што е љубоморен.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кој ти ја плаќа киријата?, ми вели. Кој ти ја плаќа ебаната кирија?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ова ќе биде последен пат брат ми да ми ја плаќа киријата, штом тоа толку му пречи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)