Се најдоа и некои такви, од жените, кои тврдеа, навистина не најаве туку на сон, дека го виделе сети Јован Крстетел како доаѓа по Градишки Пат во Потковицата водејќи по себе коњ и носејќи в раце нешто завиткано небаре детуле, и како се запира кај Јанчевци, и како, потоа, излегувајќи од кај нив, не Боше нивни, туку тој, свети Јован Крстител, преку срецело и низ гробиштата и преку Горник оди напред, не допирајќи ги земјата и снегот притоа, и покажувајќи му пат на Бошета и учејќи го како да гази, а да не остава траги во снегот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)