Рашела погледна во мајка ми. „Немаме”, им рече таа студено на службениците, а на Рашела строго ѝ рече, на влашки: „Ајде, што чекаш, оди заврши си ги работите!
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Претерано поедноставувајќи ги работите, тој го истакнува конфликтот помеѓу сексуалната желба, која самата по себе не знае за граници, и забраните и табуите што се спротивставуваат на нејзиното задоволување.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Оттаму и потиснувањето и сите други механизми кои ја вообличуваат и припитомуваат сексуалната желба.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
После прошета по собите, разгледувајќи ги работите што до тогаш не ги беше видела и со омраза поттурнувајќи некои од нив, за кои беше сигурна дека ги донесла Вера.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Тоа е друго – рече таа – пишувањето текстови ми е работа, а весниците не се книги, не мешај ги работите. Не ги мешав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Остави ги работите сами да си бараат корито, сами да си се редат, навистина така си реков и кренав раце, иако, ова нешто за прв пат го признавам, на жената не ѝ е лесно кога нејзиниот маж ќе се заплетка на такво место и со такви луѓе.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе те спасат од лошиот миг на проклетсвото – филозофираше старецот со сликовитото претставување на телесната и духовната борба, ставајќи ги работите на вага.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Собирај си ги работите и губи ми се од куќава веднаш, за да не ти ги исфрлам јас на улица сосе тебе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)