ги (зам.) - в (предл.)

Најпосле мораше да ги земе парите држејќи ги в раце и не знаејќи што да прави со нив.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не фрлај ми ги в лице бесмислените закани.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Каде е тоа просо? Го исколваа врапците. Каде се врапците? Ене ги в капина.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И оди потоа, кажи им на надлежните да дојдат да си го приберат железото што го реквирирале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Или закопај ги в земја. Во оние дупки во кои татко ми го криеше тутунот од финансистите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)