Па тие се господари на ситуацијата. Го трие челото исправајќи ги новите, виенски гравири на кожата и мислата му талка низ прикрајоците на градот, онаму каде што до неодамна се наоѓаше старата некропола.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така, тој живееше речиси во катови, цел ден носејќи некакви неприсутни слики в глава додека ги гледаше присутните, и предвидувајќи ги новите со точност што зачудуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И зошто? За ништо. Мртвите требаше да платат за ослободувањето на живите. Барем да се случеше така.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)