ги (зам.) - романтичен (прид.)

Меѓу бурните уметнички случувања во првите триесетина години на веков што изминува, експресионизмот има(ше) свое сосема посебно место, и тоа како според политичката контроверзност што ја предизвикуваше (од една страна обвинуван како некаков мистичен предвесник на национал-социјализмот, а од друга, токму „изопачените” експресионисти најмногу страдаа за време на фашизмот), така и според уметничките содржини што ги носеше, необично спојувајќи ги романтичниот и мрачен дух на 19-иот век со револуционерните промени на многу полиња во почетокот на 20-иот век.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)