Сега таа му се стори благословена и од господ, и од народот и се заколна во себе дека ќе ја употреби само на народни душмани па макар кои да бидат тие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ене ти ги слободни другарите. А ако имаш нужда од помош, кажи да ти ја дадеме од нас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тогаш младата жена прошепотела: „Браќа мои, пред устава заѕидајте ми камен, оти живите се плашат да не ги бакнат мртвите, ама пред очи оставете ми отвор за да гледам дали моето млеко добро ќе му донесе на детето.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не заѕидувајте ми ги градиве, браќа мои, туку под везенава кошула двете боски оставете ми ги слободни, и секој ден детето носете ми го трипати, в зори, напладне и навечер.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)