Дедот Паленѕа си ја зеде лиричката од Митра што ја донесе до Прилеп и утрото уште рано си ги јавна масчичките, та си се врати во Полчишта, а Митра остана да го чека Толета. ***
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Додека полковниците се веселеа и пукаа со пиштолите, училишниот прислужник Геро, пак ги заврза коњите еден за друг, ги напи со вино, ги јавна и пак јуреше низ селото; тропаа коњите и создаваа бука и немир меѓу луѓето кои излегуваа на прозорците да гледаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)