Деница застана пред огледалото, си ги стави рацете на двете страни од вратот и, спуштајќи си ги полека надолу, кон градите, се загледа во своите очи, со долг и длабок, испитувачки поглед.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Луѓето, што ги сретнуваа патем, кога ќе ја виделе бомбата искачена на кола, им викнувале Кај ја носите бомбата, будалишта; ќе се убиете сами и други ќе убиете и заостанувале далеку зад нив, или истрчувале далеку напред пред нив, или скршнувале од џадето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но Трајана, итра жена, од страв од нив, да не ѝ направат некоја пакост по патот, и за да ги избегне провирањата под мостовите на железничката линија и песочиштата во реките, на Алилово, до таму ги испраќаа жителите на Потковицата, ја сврти колата низ веселечките ливади. и прекутрупа, и сè така, Ѓоре двесте, триста, чекори напред пред колата, таа водејќи ги полека воловите, излегле на Битолско Џаде, кај Алинци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Улицата опустуваше, беше без настани, и јас се спријателив со Кузмана примајќи ги полека неговите навики и разбирања за животот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)