Но гледајќи ја војската која ги имаше запоседнато положаите над селото, гледајќи ги војниците кои се врмзлаа низ селото, коморите со јадење и оружје што врвеа низ селото, нивните повремени вежби, одново му затреперија оние со мака залечени нерви, одново му навреа сликите од фронтот, одново го заплусна бранот на сеќавањето: зафати да го витла, да го бреца, да го крши, исполнувајќи го со ужас и зафрлувајќи го да паѓа, да се тркала, да вика.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Си го брецаа умот луѓето не знаејќи што да заправат; да останат или да се отселат; ако се отселат, каде ќе одат, каде ќе закуќуваат куќа, од што ќе живеат; ако останат: ќе ги врват деновите во неизвесност, во страв...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)