А се случува богами напати таа вода да се престори и блатиште по кое потоа со денови ќе газиме и ќе си го валкаме умот“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Педерство што ќе се сподели, што се пренесува на еден заеднички крајолик на мечтата, кое сочинува цел еден свет и кое станува универзално, е педерство што веќе не нѐ определува како поединци, не ни го валка идентитетот и не нѐ изобличува ниту во лична ниту во општествена смисла.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она и самиот не знам зошто не пишувам како да ја разјаснува и претходната мисла, дека си го валкам образот од тоа што сум подлегнал на нешто па сум заборавил да ги регистрирам работите како што правев дотогаш.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога ќе ѝ ги спомнев на Таша приказниве што ги имав слушнато за војникот и белиот коњ таа ниту ќе потврдеше, ниту ќе одречеше. Само очите ќе ѝ потемнеа. Ќе одмавнеше и со раката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Валкаше. Ги валкаше сите нив. Го валкаше него, Змејка, тој секогаш се чувствуваше извалкан од тоа, со она свое постојано чувство на свеченост, со кое што ги примаше сите новооткриени работи, со кое ценеше сè што ќе видеше првпат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Многу често помислуваше на тоа дека сите тие имаат по нешто, со што го валкаат овој живот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Некој голем чад се извишува и го валка небото. - Море, ба го мајката, вели некој, онаму и земјата гори.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)