го (зам.) - гони (гл.)

Штрајкот беше поведен од штрајкувачки одбор во кој беа избрани десетина нај- чесни и некорумпирани работници, докажани храбри борци, меѓу кои и Б.А.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
251 По неуспешните обиди, преку манипулации, лажни ветувања и заплашувања, да го скрши штрајкот, но и по добивањето медиумски публицитет на случајот од неколку локални и национални весници, радија и телевизии – Владата на РМ реши да го раскине договорот за приватизација на оваа компанија, склучен со австрискиот инвеститор [кого и кривично го гонеше и за кого распиша меѓународна потерница] 3 – поради последователно неуплаќање на повеќе рати од истиот и непочитување на предвидената динамика за инвестирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, неможејќи повеќе да го истрпат понижувач­ кото однесување на новопечените газди и нивните послушници, скоро сите „порцеланци“, како што имаа обичај да се ословуваат меѓу себе, решија да организираат штрајк против условите за работа и да бараат исплата на заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не беа парите мотивот што го гонеше, дури и да му се нудеа, не ги земаше, зашто со тоа би им дал друг потход на своите идеи, би ги урнал на друго рамниште.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа несоодветство просто го гонеше секого на насмешливост, груба или добродушна, зависно од карактерот на човекот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Само тој ќе знае дека сега внатре нешто му гори, му причинува често сладосни тревоги, но и го гони на луди помисли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Грејнџер го гони Вокер само за да го оправда сопственото чувство на вина заради убиството на својата жена, зар не?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ни требаше скоро половина ден да ги поставаме камерата, проекторот и платното за секој кадар.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
По пет шест месеци откако одвај се искуба од судот, отиде нарочно на пазар и на враќаше ги собра и си ги однесе дома, за да има што Да им остави на децата кога ќе ги остави за да му се придружи на Толета, оти агите веќе го зедоа на заб и го запашкаа да го гонат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Турците, што беа во заседа, скриени во суводолицата покрај ливадите, отворија на него оган; сега кога видоа дека тој бега и ја наближува шумата, скокнаа од местата и со пукање и викање се спуштија да го гонат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Силен внатрешен порив постојано го гонеше да ѝ говори.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стоеше потоа уште малку, триејќи ги влажните, изѕемнати раце, предавајќи ѝ се, најпосле, на мислата што го гонеше да влезе во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Почнале да пукаат по него, тргнале да го бараат, да го гонат, но ветришта.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Околу пладне, кога сонцето беше највисоко на небото и кога горниот слој на снегот малку беше омекнат од неговите зраци, Бојан презеде потфат во чиј успех ни за миг не поверува, но нешто однатре, појако од неговиот чист разум, го гонеше во обид да ја провери таа своја замисла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеби лисицата веќе го гони а можеби веќе и го држи во забите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но кој го гони зајачето? Се затскрив малку зад една смрека и гледам, во тој правец од кај што трча зајачето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Но, сигурно приближно знаеш,“, му рече тој, водејќи го онака како што ловец го гони својот елен кон стапицата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Спие на улица!“, другото - вешт крадец, кого можат да го фатат или барем да го гонат како малолетен криминалец што неизбежно може да подлегне на законите, измислени, сѐ едно, за возрасните престапници.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Без разлика дали се работи за убави или негативни нешта, иако во принцип човекот се стреми кон поубавите работи, здодевноста е посредникот што го гони напред.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Скриената невидлива локомотива го гони човекот да се движи, се наоѓа на дното на пламенот на свеќата, во коренот на оганот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Бојот почна есента, та сме го подбрале Италијанецот и го гоневме сѐ до Иван Планина и потоа до Поградец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Не е прашањето дали нешто од човекот - да го наречеме тоа душа – по смртта продолжува да трае.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Нека е така,“ рече брат ми. „А дури и да е така, целото твое обвинување дека јас си го гонам стравот од смртта со вербата во бесмртност на моите дела, не докажува дека бесмртност на душата навистина постои.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Третата ноќ преспа крај нивниот огон. Виде дека никој не мисли да го гони, но ни таа вечер, ни утредента, никој не проговори ни збор со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Брзаше да се ослободи од нешто што го плашеше и го гонеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тие секогаш го гонат а тој секогаш исто ги прашува. - Зошто, тротоарот ваш ли е?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Секаде каде што можеше да биде сонот тој го гонеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа го гонеше на смеа - гласна, пилеста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа содржина го гони кон нејзино зафаќање, а бидејќи тој не ја признава - со одлука на сопственото незнаење - содржината во „општествената продукција” секогаш се појавува како крволоштво и масакр.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сега Бино беше мирен, бидејќи и Јован им се продаде на Србите, та немаше кој да му забележува и да го гони ако ставе некој „лимпрч“, како што се изразуваше за државните преврати самиот Бино. Јована пак, страшно го печеше Биновата положба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откога слегоа долу, во станот, Зоки скришум се искрадува пак на таванот и почнува да го гони петелот надолу по скалите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И викање: - Нејќам, нееејќааам! – како некого да го гонат да скокне од висок прозорец. Ој, чуда!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И постојано се враќаше во сонот со маскираните токму поради страшната желба да го гонат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Така пиејќи еднаш капетанот Џек сонил - по гусарската палуба голем кит го гони.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Тоа се, така да речам, тие убави, тие позитивни желби што го гонат човекот да оди напред.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)